Drive.ai доби дозвола јавно да тестира AI за автономни возила

Drive.ai е нов стартап кој доби 12 милиони долари инвестиција да развие и тестира вештачка интелигенција за автономните возила. Станува збор за 13-та компанија која доби дозвола од властите да тестира на јавните патишта во, јави Wall Street Journal.

Целта на компанијата е да креира вештачка интелигенција која ќе биде подобар возач на автомобилите. Компјутерите ќе треба самостојно да „учат“ да возат подобро, односно колку повеќе возат толку подобри треба да станат. Сличен е планот и на Google, но и на Tesla. Сличен проект има и Џорџ Хотц – Geohot.

Засега нема податоци за технологијата, но и за компанијатa, а посетителите на вебсајтот на Drive.ai можат да забележат единствено дека компанијата регрутира нови кадри. Според должината на листата на отворени слободни позиции се чини дека има уште доста време додека компанијата не излезе со конкурентен производ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии