DreamSpark клучеви за најактивните на ИТ форумот

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Форумот на IT.com.mk достигна голема бројка од над 4.000 членови! Тоа немаше да биде возможно без помошта на нашите верни членови, на кои сме им благодарни. Но фала не носи леб дома, нели? :)) Затоа IT.com.mk планира во иднина да понуди разни награди и едукативни програми со кои ќе ги награди нашите највредни членови.

Тие планови ги започнуваме со доделување на регистрациски клучеви за програмата на Microsoft, DreamSpark.

DreamSpark е проект на Microsoft кој има за цел на студентите да им понуди разни алатки за развој на софтвер. Проектот оргинално е создаден за студентите на колеџите во Белгија, Кина, Финска, Франција, САД и уште неколку поразвиени земји, а сега е проширен низ повеќе од 80 држави и е понуден и на голем број средношколци.

{mosimage}

Програмата беше објавена од страна на Бил Гејтс во февруари, 2008 а до ден денеска се проценува дека повеќе од 35 милиони студенти низ светот имаат бесплатен пристап до следниве алатки преку DreamSpark:

  • Windows Server 2008
  • Windows Server 2003
  • Visual Studio 2008 Professional
  • SQL Server Developer
  • xna Game Studio 3
  • Robotics Development Studio 2008
  • SQL Server Express
  • VirtualPC
  • и многу други.

За почеток, ќе бидат доделени регистрациски клучеви за 10-те члена на форумот кои имаат највисока репутација, исклучувајќи ги модераторите и администраторите.

Добитниците се:

IT.com.mk им честита на добитниците. За клучевите и упатство за тоа како да се регистрираат, членовите ќе бидат исконтактирани по приватна порака во наредните неколку часа. Приклучете се и на дискусијата на форумот.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии