Драго Ангуелов за неговото искуство во Waymo

Дејан Соколоски

во Вести

Пред нешто повеќе од 10 години Себастијан Тран ги убеди основачите на Google да ги отворат вратите на Google X Labs за нов интересен проект. Првичниот план беше да извозат 10 сегменти, секој долг по 100 милји (160 километри). Овој предизвик го надминаа уште првата година.

Драго Ангуелов е главен истражувач во Waymo. Во своето предавање на MIT тој зборува за дел од предизвиците со кои се соочуваат. Било тоа да се луѓе со маски; различни временски услови (снег, магла, темница); или различна конфигурација на луѓе (пример рефлексија или човек на коњ).

Во предавањето се зафатени уште многу теми, дел од нив се поврзани со технологијата; пример, како додека автомобилот вози на улица вештачката интелигенција предвидува што ќе биде следниот потег на другите учесници во сообраќајот.

Говорот е малку подолг, а со оглед на тоа колку теми се допрени, ова е разбирливо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии