Дознајте што се случува со вашиот хард диск со DiskPulse

На моменти, хард дискот знае да биде непредвидлив и доколку сакате поголема контрола и увид во активностите потребна ви е алатка како DiskPulse. Оваа бесплатно софтверско решение ќе ви дозволи да видите што точно се случува со вашиот хард диск во реално време, односно, до кои фајлови пристапува или менува.

Нормално, имате контрола врз тоа што сакате да се надгледува. Па така, инвентивен волшебник ви дозволува да изберете што да се надгледува; дали сите партиции, дали системските фајлови на оперативниот систем, дали програми или само музика, слики, или документи. Имате на располагање и опција со која се надгледуваат само ново создадени фајлови и фолдери.

Надгледувањето не мора да е 24/7 и лесно можете да го паузирате или целосно стопирате. Сите резултати од надгледувањето ви се сервираат во форма на графикони.

Disk Change Monitoring Pie Charts

Најновата верзија на DiskPulse е значително подобрување, како од визуелна, така и од техничка гледна точка. Поради тоа, тринаесетата верзија гордо го истакнува подобрениот интерфејс, редизајнираните акции за надгледување, како и надградените можности за сочувување извештаи и звуци за известувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии