Дознајте што сè го користи вашиот интернет со LiveTcpUdpWatch

Мартин Јованчевски

во Софтвер

LiveTcpUdpWatch е алатка на Nirsoft и е замислена да ви дава целосен и детален увид за тоа кои програми колку и на кој начин го користат вашиот интернет. Во ваквиот увид се вклучени и TCP (вчитување сајтови и преземање фајлови), како и UDP (стриминг на музика и видеа) конекции.

Со самото вклучување на алатката започнува и процесот на надгледување. Најсветлата точка кај оваа алатка е тоа што можете да ја надгледувате интернет активноста само на одредени програми. Ова е особено корисно во ситуации кога ќе инсталирате некој нов програм и сакате да дознаете дали истиот испраќа некакви податоци на развојниот тим.

Како некои од поновите функции на LiveTcpUdpWatch е можност за автоматско покренување со вклучување на компјутерот и препознавање на кој сервер е приклучен некој програм.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии