Дознајте што преземате предвреме со Peek!

Кога преземаме работи од одредени сајтови, често се случува да кликнеме на линкот за преземање очекувајќи една работа, а симнувајќи сосема трета. Многу сајтови од сивата страна на интернетот тврдат дека го имаат тоа што го барате, но линкот за преземање или ве води на други сајтови или пак ви дозволува да преземете нешто што има за цел да ја загрози вашата безбедност, така што го инфицира системот со малициозен софтвер.

Peek е корисна мала екстензија која се вдомува во вашиот Google Chrome прелистувач и, секојпат кога сакате да преземете нешто, ви дозволува да ѕирнете во димензијата која се крие зад линкот. На овој начин, прво добивате увид во фајловите, па потоа, доколку сте задоволни од прикажаното, ги преземате. Сè што треба да направите е да застанете со стрелката врз одреден линк и содржината за преземање ќе ви биде прикажана преку дополнителен прозорец. Дури и да немате потреба да преземате нешто, Peek е одлична алатка и за прикажување која страна се наоѓа зад одреден линк. Преку нов прозорец, чија големина целосно се прилагодува, точно можете да видите дали линкот навистина ќе ве одведе на саканата страна.

Со оваа екстензија можете да добиете релативно безбеден увид во бројни податоци, како документи, слики, видео материјали, PDF/ RTF документи, како и да добиете јасна слика за јавно споделените GIF-ови и Google Docs документи.

Имајте предвид, меѓутоа, дека Peek само прикажува содржини и не располага со никакви алгоритми за препознавање малициозен софтвер. Таквото нешто се остава на ваше правилно резонирање и дополнителни безбедносни софтверски решенија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии