Дознајте колку сте добри во Lip Sync со LipSync by YouTube

Мартин Јованчевски

во Веб

Едно од најпопуларните видео изразувања на TikTok е процесот на усогласување на движењето на вашите усни со надворешен, стран аудио извор. Кога е изведено мајсторски, резултатите знаат да бидат импресивни, особено при пеење одредена песна. Но, колку сте вие навистина добри во тоа?

LipSync by YouTube е алатка која ја користи вештачката интелигенција на Google – Tensorflow.js за да заклучи дали ве бива за lip sync или не.

За да започнете, кликнете на следниот линк за да дозволите да се искористи вашата камера за детектирање препознатливи црти на вашето лице. Потоа, ќе треба да ја пеете песната Dance Monkey за да се направи проценка за вашата прецизност. Процедурата може да се повторува онолку пати колку што сакате, а податоците кои ќе бидат извлечени и процесирани од ова ќе останат само на вашата направа.

LipSync by YouTube by Google PI & bit.studio | Experiments with Google

Во моментот кога ќе бидете задоволни со резултатите, можете да преземете безвучен GIF како и да го споделите со останатите. Слободно предизвикајте ги пријателите да пробаат да бидат подобри од вас!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии