Дознајте колку навистина сте стари со You’re getting old

You’re getting old е сајт кој или ќе ве фрли во депресија или пак носталгично ќе ви ја прикаже магијата на животот. :)

Со оставање на вашата дата на раѓање, сајтот ќе ви даде одлична претстава за тоа колку всушност сте стари. Првото нешто што ќе го забележите по внесувањето на податоците се навидум безболни информации за тоа колку години, месеци и денови сте живи и кој знак сте во хороскоп. Ништо страшно, би можеле да помислите. Сѐ додека, барем, не почнете да скролате надолу и да бидете преплавени од информации кои не можат, а да не предизвикаат измешани емоции. Колку пати ви чукнало срцето, колку здива сте земале или колку пати месечината орбитирала околу земјата.

untitled

Скролувајќи надолу би можеле да прочитате за тоа колкави дестинации би се поминало за годините од вашиот живот, а и да добиете увид во историски-важните настани што се случиле кога сте биле бебе, дете, тинејџер и така натаму.

За крај од ваквото носталгично патување, You’re getting old ви прикажува колкумина од посетителите на ваша возраст и понатаму се живи, а колкумина помлади од вас.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии