Дознајте колку е часот каде било во светот со TimeZonesView

Од време на време, се случува да имаме потреба да дознаеме колку е часот во некоја друга земја. Дополнително, знаењето дека има петчасовна разлика помеѓу две земји не ви кажува која од тие две земји е напред за тие пет часа, и обратно.

Секојпат кога чувствувате потреба да дознаете колку е часот во некоја друга земја, лесно можете да посетите соодветен сајт, но алатката на софтверското студио NirSoft нуди поедноставно, а, со тоа, и попрактично решение. TimeZonesView го користи системски имплементираниот часовник во вашиот компјутер за да понуди листа со сите временски зони од целиот свет. За полесно визуелно снаоѓање, вашата моментна локација е одбележана со зелената боја.

За секоја временска зона се нуди име, опис, моментното време и дата, и слични податоци кои се важни за временските разлики. TimeZonesView работи на сите верзии на Windows, почнувајќи со Windows XP, а се испорачува како 32, односно 64 битна верзија. Тежи половина мегабајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии