Дознајте колкава плата би имале во Силиконската долина

Силиконска долина е термин кој се употребува за областа која се наоѓа на јужниот дел од заливот Сан Франциско, поточно за долината Санта Клара. Долината е позната по тоа што најголемите технолошки и компјутерски корпорации се наоѓаат токму таму. И покрај тоа што низ светот постојат многу високо технолошки центри, Силиконската долина сè уште важи за водечки центар за иновaција и развој на високи технологии.

Доколку сте во бизнисот на интернет технологии, и сакате да дознаете колкава плата би имале доколку се вработите во Силиконската долина, погледнете го приложениот инфографик, дело на истрaжувачкиот центар Focus. Според инфографикот, во интернет компаниите во долината моментално има 48.000 работни места, а невработеноста од минатата година е намалена од 11% на 8.5%. Ова значи дека моментално е исплатливо да сте во интернет бизнисот.

(кликна за поголема слика)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии