Дознајте кој ви го чепка телефонот со Who Touched my Phone?

Мартин Јованчевски

во Вести

Во случај да сте параноични по природа и да сметате дека некој постојано ви го чепка телефонот, Who Touched my Phone? е апликација со која конечно ќе дојдете до вистината.

Штом ја инсталирате, оваа апликација трпеливо работи во позадина и чека да види дали некој ќе го земе вашиот телефон и ќе проба да го отклучи. Апликацијата автоматски почнува да снима со предната камера и да го регистрира времето кога се случило таквото нешто. Можете да наместите да не се фотографираат само лицата со неуспешни обиди, туку и оние што можеби го знаат вашиот пин и успешно го отклучуваат телефонот.

Самата апликација може да се заштити со лозинка, а извештаите од сите обиди се складираат на облак.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии