Дознајте кој ве тргнал од неговите Google+ кругови

Вчера претставивме неколку корисни Google Chrome екстензии, а денес имаме уште една за сите оние кои веќе се имаат заразено со Google+. Кога некој ќе ве додаде во круг во Google+ ви пристига нотификација, меѓутоа тоа не важи и кога некој ќе ве избрише.

GoogleMinus е екстензија со која можете да дознаете дали некој ве има избришано од нивните кругови. Оваа апликација функционира многу едноставно, секој пат кога некој ќе ве избрише од неговите Google+ кругови, ќе бидете известени преку дискретна нотификација.

GoogleMinus е слична екстензија на Unfriend Finder која ви покажува кој ве има избришано како Facebook пријател. GoogleMinus покрај тоа што е достапна за Chrome, исто така може да се инсталира и на Firefox и на Safari, меѓутоа прво треба да ја инсталирате екстензијата Kynetx за да би можела да функционира. Kynetx e платформа која им овозможува на девелоперите лесно да креираат апликации кои би функционирале на различни веб пребарувачи.

Откако ќе го инсталирате Kynetx, можете да додате било која од понудените апликации, но прво треба да се регистрирате на Kynetx. Тоа можете да го сторите и со вашиот Facebook профил или Google профил.

3 коментари на “Дознајте кој ве тргнал од неговите Google+ кругови

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии