Дознајте кој фонт го гледате со апликацијата WhatTheFont

WhatTheFont е апликација која на корисниците ќе им помогне да го препознаат и пронајдат фонтот кој го гледаат. Апликацијaта е развиена од MyFonts.

Употреба е едноставна, корисникот ја насочува камерата на телефонот кон текстот и фотографира, а апликацијата го пронаоѓа фонотот. Достапни се веб, Android и iOS верзија на апликацијата.

Веб верзијата работи малку поинаку и наместо фотографирање, корисникот треба да ја прикачи фотографијата со текстот. Потоа апликацијата ја скенира сликата и ги прoнаоѓа сите различни фонтови на сликатата. Препознавањето е со помош на вештачка интелигенција. Сервисот може да препознае 130.000 различни фонтови, вели The Next Web.

 

Корисникот може и да нацрта правоаголник околу некој од фонтовите и да одбележи попрецизно дека тоа е фонотот за кој е заинтересиран. Потоа ако сака да го користи, може да го купи фонтот преку MyFonts.

Апликацијата овозможува поедноставно пронаоѓање на фонтовите кои се употребуваат надвор од дигиталниот свет, пример, плакати и билборди.

Најверојатно најмногу корист од WhatTheFont ќе имаат дизајнерите кои сакаат да пронајдат и користат фонт кој го виделе.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии