Дознајте кога е вистинското време за да си легнете со Sleeptime

Дали знаевте дека во зависност од тоа кога ќе си легнете, можете да се разбудите во планираното време одморни или исклучително нерасположени. Таквото нешто зависи од 90 минутното правило, според кое треба да се разбудите на крајот од циклусот на спиење, а не измеѓу, кога веќе длабоко спиете…

Sleeptime е веб сајт кој бара од вас да му кажете кога сакате да станете и тој точно ќе ви каже кога треба да си легнете доколку сакате да се разбудите одморни. Таквото нешто зависи од тоа дали сакате да спиете 6 часа, 7.5 часа или пак 9 часа. Запазување и почитување на ваквото нешто резултира со целосни серии на циклуси на спиење и ве наградува со чувство на освеженост и расположеност кое би требало да ве следи не само низ утринските часови туку и низ целиот ден.

Како што кажавме, Sleeptime е само сајт кој ги запазува правилата за целосни циклуси и соодветно ве информира, а во случај да барате малку поразлична алтернатива, проверете го и сајтот Sleeptiming или Sleepytime. Со оглед на нивниот минималистички приказ, сајтовите се одлично оптимизирани за пристапување од паметните телефони.

За соодветна апликација за вашата паметна направа, дефинитивно проверете ги потенцијалите на Sleep Cycle – паметен аларм кој се труди да ве разбуди во најдоброто можно време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии