Дознајте ги вистинските факти со Snopes

Што е вистина, а што ништо повеќе од шпекулација?

Snopes e веб сајт кој нешто повеќе од 26 години се труди да открие што е урбана легенда, што е гласина, а што е измама. Нивниот посветен тим од истражувачи темелно ги проверуваат најновите шпекулации и го даваат дефинитивниот одговор. Дали навистина Бил Нај произведувал и продавал илегални дроги, дали опасни космички зраци ќе поминат низ планетата земја, дали Facebook ќе почне да им наплатува на корисниците? Доколку подолго време ве копкаат во потсвеста работи од ваков калибар, Snopes е веб дестинацијата која не би требало да ја заобиколите.

На сајтот можете да пребарувате по одредена тема, да листате низ архивата, да одберете да ви се вчита текст по случаен избор, или да ги разгледате најпопуларните 50 гласини, од кои, за жал, повеќето се поврзани со Доналд Трамп.

Лажните вести се организираат за втор удар, а за најдобра борба против нив, Snopes се чини како интересна прва, одбранбена линија. Единствена забелешка упатуваме кон исклучително наметливите реклами кои знаат како да го загрозат севкупното искуство.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии