Дознајте ги најдобрите попусти за PS игри со PS Deals

Мартин Јованчевски

во Вести

Доколку го посетите официјалниот сајт на Playstation, ќе забележите дека имаат феноменална распродажба на 500 наслови. Попустите се исклучително длабоки и, во случај да барате нешто за играње на вашата конзола, ова се чини како повеќе од одличен момент.

Иако вебсајтот навистина не е лош, многу корисници и ловци на зделки бараат поголема контрола пред да посегнат по нивниот паричник. Тука доаѓа во игра веб сајтот PS Deals.

По посетување на веб сајтот инстантно добивате увид во сите попусти на игри. Пред да кликнете на See all, во одделот Newest Discount, свртете го вниманието веднаш над оваа категорија, кај логото за локација. Кликнете на моментното знаме, и ќе ви се отвори паѓачко мени преку кое можете да изберете некој друг регион, што знае да е особено корисно за оние кои имаат алтернативни акаунти и сакаат да проверат кои зделки се нудат на, пример, американскиот пазар, а кои на британскиот, или германскиот. Веднаш до знамето, избирате дали сакате да ви се прикажуваат зделки за PS4, за PS3, Vita, PSP, или за сите платформи (All Platforms).

Сега, можете да кликнете на See all, од категоријата Newest Discounts. Со тоа, ви се отвора страна од сите моментни попусти на игри. На горната страна има опција Newest Discounts, но доколку сакате можете да ја прилагодите листата за да зделките да се редат според цената, количината на попустот, оценките, насловите, или датумот на издавање. Над овие опции можете да изберете да ви се прикажуваат сите зделки само за игри, за додатоци или за тоа и за тоа.

Кликнете на некоја игра. Слободно. Ќе ви се допадне она што ќе најдете тука. Ние ја избравме God of War. Веднаш под сликата имаме опција инстантно да бидеме известени преку имејл кога играта ќе биде на попуст, да ја вметнеме играта во нашата желботека, или да одбележиме дека веќе ја имаме купено играта. Под ова, доколку кликнете на Buy at PlayStation ќе бидете одведени на официјалниот сајт, но не го правете тоа сеуште! Првин, да погледнеме што има подолу.

Веднаш под лентата со реклами имаме понудено видео рецензии да одгледаме за играта, како и информации за тоа колку додатоци има играта, теми, аватари, описи, оценки и слично. Најдоброто нешто е веднаш под ова во форма на статистички податоци за тоа која била највисока цена на играта, а која најниска, како PS+ претплатник или нормално. Под ова, визуелно можеме да ги испитаме периодите на попустите и кога, каква цена се нудела за играта. Интересно, God of War, дознавме, сега чини 15 долари, но во ноември се продавала за 10 долари. Некако почнавме да размислуваме дали да ја купиме сега, или да одиме со нешто поевтино. Кликнавме на опцијата да бидеме известени доколку God of War добие поголем попуст во иднина и го посветивме вниманието на некои други, поевтини игри.

2 коментари на “Дознајте ги најдобрите попусти за PS игри со PS Deals

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии