Дознајте дали е вистинско време да купите електронски уред со Decide.com

Сите оние кои планираат да купат нов паметен телефон, лаптоп, телевизор или пак фотоапарат, но не се сигурни дали е вистинскиот момент за тоа, треба да го посетат новиот веб сајт едноставно наречен Decide. Станува збор за веб сајт кој зема в предвид неколку фактори и ви предлага дали сега е вистинскиот момент да купите одреден производ.

Decide предвидува дали цените на одредени производи ќе паднат или ќе се качат во наредниот период, и исто така предвидува кога излегува нов модел од даден уред. До скоро, Decide даваше предвидувања само за лаптопи, телевизори и фотоапарати, а од сега корисниците ќе можат да дознаат и дали е вистинското време да го купат моделот на паметен телефон кој го посакуваат.

Доколку го посетите Decide.com и сакате да купите iPhone 4 ќе видите дека веб сајтот ви предлага да не избрзувате со оваа одлука и да почекате да се појави новиот, петти по ред модел на iPhone кој треба да се појави во пктомври.

Поради огромниот интерес околу iPhone5, Decide.com преку Twitter профил, @d_iphone,  овозможува следење на најновите вести и шпекулации поврзани со новиот Apple производ. Главните извори се голем број на веб сајтови од областа на информатичката технологија како што се Gizmodo, TechCrunch, CNET, Engadget, MacRumors и многу други.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии