Дознајте дали да пуштате брада со Beard Photo Editor

Дали да пуштате брада? Ова е одговор до кој можете да дојдете на два начини. Или да пуштате брада во нареден месец дена, или да го добиете одговорот веднаш со Android апликацијата Beard Photo Editor.

Со помош на оваа апликација можете инстантно да си прилепите најразлични стилови брада. Преку селфи камерата и во „живо“, можете да си играте со над 45 стилови брада. Истата можете да ја ротирате, да ѝ ги менувате димензиите, како и да го средувате контрастот, светлината и заситеноста. Иако некои резултати можат да изгледаат смешно, некои други можат апсолутно да ги освојат модерните хипстери.

За да прилепите брада, можете и да повлечете и каква било слика од вашиот албум, не мора директно да снимате со селфи камерата. Алгоритмите се доволно јаки за да го пронајдат лицето и, во повеќето ситуации, да произлезат со интересни и веродостојни резултати.

Бесплатната верзија на апликацијата Beard Photo Editor знае да ве замори со наметливите реклами, како и да провлече натпис врз вашата креација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии