„Downloaded“, документарецoт зa Napster ќе биде прикажан на SXSW

На овогодинешната конференција SXSW (South by Southwest) премиерно ќе биде прикажан документарецот „Downloaded“ на кој е прикажано раѓањето на Napster и животот на двајцата основачи, Шон Паркер и Шон Фенинг, кои водеа битка со музичката индустрија.

Од почетокот на 1998 година, peer-to-peer сервисот ја промени музичката индустрија, подоцна и останатите, при што предизвика големи последици како смрт на продажбата на музички цедиња. Сервисот беше купен од Best Buy, па од Rhapsody, а едни од инвеститорите во Napster беше и некогаш многу популарната музичка телевизија – VH1. Минатата година, Фенинг и Паркер заедно го стартуваа сервисот Airtime кој претставуваше друштвена мрежа базирана на видео, но истата баш и не се прослави.

Филмот за целата приказна околу Napster ќе биде прикажан на 10-ти март, а трејлерот можете да го погледнете подолу.

[youtube]6Ai6K2VIEXM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии