Доушник на FBI и член на Anonymous е поврзан со напади на странски сајтови

Лидерот на хакерската група LulzSec која пред три години направи хаос на повеќе владини и гејминг сајтови, Sabu, хакирал куп сајтови во Иран, Сирија, Бразил и Пакистан додека бил доушник и работел за Федералното истражно биро (FBI), пишува New York Times. Хектор Ксавиер Монсегур попознат како Sabu, уште пред своето апсење соработуваше со FBI и ѝ помагаше на полицијата да уапси поголем број на членови на Anonymous. Соработката со FBI не застана тука, бидејќи г. Монсегур ги снабдувал останатите хакери со листа на сајтови надовор од САД кои можеби се ранливи на саботажа.

Џереми Хамонд е еден од членовите на Anonymous кои се уапсени со помош на Subu, но тој не открива кои сајтови надвор од САД биле предложено како цел на напади, иако тој никогаш не е обвинет за напади на сајтови надвор од САД. Сепак г.Хамонд сподели листа на над 2.000 домени на која се наоѓаат сајтови од Иран, Нигерија, Пакистан, Турција, Бразил и владини локации како Полска амбасада во В. Британија, или Министерството за електрична енергија во Иран. Засега на ова нема реакции ниту од FBI, а ниту и од адвокатите на двајцата хакери.

Дел од нападите кои ги правеа хактивистите овозможуваат шпекулации дека на Sabu му биле познати дел од „zero day“ слабостите. Во интервју, г. Хамонд тврди дека Sabu знаел за слабостите на веб-хостинг софтверот Plesk кој им овозможил влез на илјадници сајтови, откако неименуван хакер ја споделил оваа слабост со нив.

Најголемата контравезност околу овој случај е што има јасен доказ дека FBI ги користи хакерите за да собере податоци за останатите агенции. Во прилог на оваа теорија е и исказот на јавниот правобранител кој на судењето изјави за судијата дека г. Mонсегур „проактивно соработувал со владата и прекувремено им помагал на федералните агенти“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии