DotA 2 се најде на почетната страна на New York Times

Доколку се сомневате во популарноста на MOBA видеоигрите, тогаш последното издание на New York Times можеби ќе ве изненади. Весникот на насловната страна од 31 август отвора со сторија за Dota 2 и за видеоигрите чии турнири собираат огромна публика и имаат големи наградни фондови. Текстот на насловната страна „Виртуелните игри привлекуваат купови посетители и многу пари“ е дел од подолга серија текстови во која се разгледува растот на е-спортот. Е-спортот зазаема се поголем замав, што е потврдено и со неодамнешниот потег на Amazon да го купи Twitch за 970 милиони долари, поради огромниот интерес за стримовите и можност за понуда на нови содржини. Што се однесува пак до DotA 2, покрај рекордниот награден фонд од над 11 милиони долари, DotА 2 International ќе биде запомнети и како првиот турнир кој го донесе е-спортот на телевизиските канали на ESPN.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии