DotA 2 на Valve ќе биде објавена оваа година

Се започна со излегувањето на Warcraft 3: Reign of Chaos, и модот на сè уште непознатиот IceFrog кој ја промени Starcraft мапата Aeon of Strife. Играта која сите ја играа го доби името според првите букви на модираната мапа Defence Of the Ancients или накратко DotA. Од тогаш до сега се одржаа куп турнири на светско ниво, меѓу кои и престижни Asian World Cyber Games. Со оглед на тоа дека од од оргиналот се поминати 7 години а MOBA (Multiplayer Online Battle Arena) жанрот е секако еден од омилените кај играчите кои играат заради PvP содржините се чини дека Valve го направија вистинскиот потег кога се решија на дизајнирање на „продолжението“ на DotA.

Неодамна продуцентот кој работи на DotA 2, Ерик Џонсон одговараше на прашања за гејминг магазинот PCgamer во кое изјави „главната цел на студиото е да направи достојно продолжение на играта која веќе ја играат 20 милиони фанови“.

[youtube]bj81a2B0BRk[/youtube]

Новата верзија на играта ќе ја задржи истата изометриска перспектива која е клучна за прегледноста на мапата, а прегледноста значително помага при носење на вистински одлуки во текот на играњето. Тимовите ќе бидат составени од најмногу пет членови а најавени беа и 2vs2 3vs3 борби.

И гејмплејот е истиот, односно првиот дел од играњето го поминувате во градење на херојот додека ги победувате компјутерски контролираните непријатели се додека вашата група не стане доволно моќна да ги уништи кулите по што започнува вистинската забава. Во наjновата верзија на играта изборот на херои ќе биде навистина голем. Моментално се 63, а најавата е дека до официјалното пуштање ќе има уште многу нови. Изборот на хероите е од зомби, стрелци, пајаци, големи абоминации, волшебници и многу други.

Со оглед на тоа дека DotA е тимска игра, а победата зависи колку од тимската работа толку од искуството и вештината на поединечните играчи Valve се обидуваат да го усовршат изборот на протвници да биде од играчи со слична вештина како останатите на мапата. Играчите на DotA или Legue of Legends веднаш ќе се снајдат во играњето, но за останатите кои не се многу запознаени со овј жанр Valve ветува дека учењето и вежбањето ќе го направат забавно, а за пристојноста со која ќе се однесуваат кон помалку талентите играчи дел ќе мора да сносат и играчите. Целта е да се минимизираат изливите на бес.

Со оглед на пофалните зборови кои беа искажани за начинот на плаќање кои го имаат во Legue of Legends, нема да биде чудно ако биде прифатен моделот на бесплатна игра со дополнителни херои кои ќе можете да ги докупите, се разбира без новите херои да го уништат балансот во играта.

DotA 2 на Valve е закажана за 2012 и додека го чекате финалното издание можете да ја пробате Leаgue of Legends која е една од најбројните игри од овој тип, а популарна е и помеѓу македонските гејмери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии