Достапен Skype 5.0 со Facebook интеграција и видео чет меѓу 10 луѓе

Skype 5.0 има и автоматско реконектирање на повиците, видео и телефонски, кои ќе се срушат заради проблеми со интернет конекција.

Друга голема новина е Facebook интеграцијата (слики подолу), која овозможува преку Skype да читате постови од мрежата, да апдејтирате постови и да четувате со Facebook пријателите, да им се јавите на телефон или да им пратите текстуална порака.

Откако ќе ја инсталирате новата верзија, за да го вклучите Facebook на Skype 5.0 ќе треба да отидете на View -> Facebook Upadetes. Потоа ќе се појави мени за внесување на лозинката и корисничкото име на Facebook, по тоа ќе се појави да одобрите кои приватни информации може Skype да ги влече од вашиот Facebook профил и веднаш ќе се појави вашиот „Facebook ѕид“.

Koга еден Facebook корисник ќе го поврзe Skype со Facebook тогаш во ѕидот со постови ќе се добијат опции за Skype-to-Skype и телефонски повици.

Има и опција за внесување на контакти од Facebook, одите во Contacts -> Import Contacts и одберете сервис од каде да внесете контакти на Skype.

5 коментари на “Достапен Skype 5.0 со Facebook интеграција и видео чет меѓу 10 луѓе

  1. Многу кочи на почеток кога се отвара скајпот, а и фејсбук интеграцијата е глупа некако, сега за сега не ми се свиѓа…

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии