Достапен е Skype 4.0 за Linux

Skype ја претстави новата 4.0 верзија на својот VoIP клиент за Linux. Покрај мали поправки во функционалноста, додадени се и новите опции со кои Linux клиентот ќе биде во чекор со другите.

„Со ова верзија конечно ги стигнуваме другите десктоп клиенти и сега ги правиме сите најнови Skype опции, како и подобрувања во UI, достапни за сите љубители на пингвинчето.“, вели Skype на својот блог.

Од поголемите новини, додадени се Converstaions View преку кој корисниците можат да ги следат сите свои разговори (оваа опција може да се изгаси), додаден е нов Call Views, а сега има подобар квалитетот на аудио повиците и подобрено видео со поголема поддршка за повеќе камери.

Skype напоменува дека апликацијата при првото стартување ќе работи многу споро, но по кратко време ќе се стабилизира и ќе работи како што треба.

1 коментар на “Достапен е Skype 4.0 за Linux

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии