Достапен е iOS 5 со iCloud, iTunes Match, Find my Friends, Wi-Fi Sync…

Apple ја претстави новата верзија на мобилниот оперативен систем, iOS 5, која изобилува со куп новини, околу 200 подобрувања, за корисниците на iPhone, iPod и iPad.

iOS 5 сега го вклучува iCloud сервисот кој ги синхронизира содржините на уредот, пример, ако симнете песна на еден уред истата песна ќе биде префрлена и на друг. iCloud функционира како складиште во облакот каде целата содржина се префрлува автоматски и е достапна од било каде. Со бесплатниот iCloud оди и iTunes Match сервисот кој за 25 долари годишно ќе овозможи пристап до целата iTunes библиотека од било каде, вклучувајќи и додадената (импортирана) музика, не само купената.

[youtube]DCjeSNomXrU[/youtube]

Со iOS 5 доаѓа и личниот асистент Siri кој во моментов е достапен само за новиот iPhone 4S. Нема информации дали во иднина ќе биде овозможен и за другите верзии на телефонот.

[youtube]L4D4kRbEdJw[/youtube]

Други поголеми новини во iOS 5 се:

  • нотификациите кои сега се сместени во Notification Center. Нотификациите сега можат да се појават најгоре на екранот додека користите некоја апликација и со едноставно извлекување на тој Notification center ќе може да се извршат одредени акции и да се прегледаат пораките;
  • претставен е Find My Friends сервисот кој е достапен преку icloud.com и кој овозможува да се гео-лоцираат пријателите преку нивните iOS уреди, доколку тие ви го дозволиле тоа. Има интересна опција временски да се лимитира пристапот до локацијата.
  • AirPlay е алатка за безжично стримање на тоа што се гледа на iOS уредите на HDTV и звучници.
  • Тwitter е комплетно интегриран преку официјалната апликација;
  • има и Wi-Fi sync алатка што овозможува синхронизација на уредот со iTunes преку Wi-Fi мрежа;
  • iMessage е нов сервис за читање на SMS, апсолутно ист како и претходната апликација само што сега е синхронизиран кај сите iОS уреди;
  • имејл апликацијата доби опции за болдирање, подвлекување и друго форматирање на текстот со едноставна команда;
  • апликацијата за фотографии сега овозможува едитирање на фотографиите. Се работи за мали уредувања на сликата како намалување на црвенилото на очниот ирис, сечење на сликата и осветлување;
  • Newsstand сега е самостајна апликација преку која може да се менаџираат претплатите за дигиталните магазини;
  • има Reminders апликација за креирање на листи и потсетник, дури и според локација, кој може да се синхронизира преку iTunes или iCloud;
  • Safari прелистувачот за iPad доби табови
  • на iPad-от сега може да се користат неколку прсти за лизгање на барот за мултитаксинг и други слични команди;

[youtube]LLJIef-e-7g[/youtube]

3 коментари на “Достапен е iOS 5 со iCloud, iTunes Match, Find my Friends, Wi-Fi Sync…

  1. Мала забелешка на следново: „Нотификациите сега можат да се појават во поп-ап додека користите некоја апликација и преку тој поп-ап ќе може да се извршат одредени акции или да се прегледаат пораките“

    Погрешно. Нотификациите сега не се во форма на глупите поп-ап балончиња за известувања кои нервираа. Заменети се со Notifications Center.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии