Доста им е од паметните уреди! Сан Франциско доби „No Tech Zone”

Сан Франциско овој месец се буди со „No Tech Zone“ знаци. Не станува збор за официјално поставени предупредувања и зони во кои се забранува користење на технологија од градските власти, туку за уметничка инсталација на Иван Кеш. Тој е уметник од Сан Франциско, кој со инсталацијата сака да ја подигне свеста за сѐ поголемото присуство на технологијата насекаде, па дури и на локации на кои ова некојпат не е пригодно.

Најголем дел од парковите во градот имаат бесплатен Wi-Fi веќе две години, и иако г. Кеш не смета дека технологијата е лоша и треба да се избегнува, сепак едноставно некој пат треба да изберете да зборувате со пријателите или да уживате во природата наместо да пребарувате по телефонот.

„Мислам дека сѐ е прашање на рамнотежа и промисленост. Понекогаш и јас сум виновен за користење на телефонот во парк, но би сакал да внимавам кога го користам, наместо да тој да биде автоматски одговор на здодевноста“.

Она што е интересно е што дел од жителите на Сан Франциско поверуваа дека станува збор за проект на властите, па медиумите мораа да известуваат дека сепак не е така. Најверојатна причина за ова е што знаците не само што се изработени како и градските, туку поставени се со официјалните известувања.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии