Дополнителни 17 Android уреди добија поддршка за Skype видео повици

Видео повиците преку Skype беа овозможени при крајoт на јули, но само за четири модели на паметни телефони. Сега со новата 2.1 верзија, Skype апликацијата овозможи видео повици за уште Android паметни телефони и таблет компјутери. HTC Desire, HTC Sensation, LG Revolution, Samsung Galaxy S, Galaxy Tab, Sony Ericsson Xperia Play се меѓу 17-те уреди од листата на уреди кои добија поддршка за видео повици преку Skype.

Доколку користите Android 2.2 Froyo или понова верзија, ќе треба преку Skype да ја вклучите можноста за видео повици со enable video calling опцијата. Ако ја немате таа опција, тогаш вашиот Android уред не ги исполнува условите за Skype видео повици.

Моментално има само еден-на-еден видео повици, нема групни повици преку Skype за Android, иако тоа би било кул опција за таблет компјутерите.

Доколку имате уред од листата ќе треба да ја симнете најновата 2.1 верзија на Skype апликацијата од Android Market или со скенирање на QR кодот подолу.

QR code Android 2.1.png

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии