Дополнителна заштита со IObit Malware Fighter 6 Free

Најпознатите антивируси обично вршат одлична работа за заштита од вируси и сомнителни активности додека сте на интернет. Многу компании ќе пробаат да ве уверат дека за дополнителна заштита од тврдоглави штеточини, потребно е да инсталирате некоја од нивните бесплатни алатки кои работат паралелно со анти-вирусното решение, што, до некаде, е точно. Во случај да се одлучите да одите со некоја алатка за malware, ви препорачуваме да тоа да биде производот на IObit. Како бесплатна алатка, Malware Fighter 6 Free нуди исклучително флексибилни можности и ви испорачува заштита во реално време, како и дополнително слоеви заштита од бројни закани, како spyware, adware, тојанци, key логери, ботови, црви, хакери и ransomware.

Како што споменавме, Malware Fighter 6 Free не се коси во борбата за ресурси со повеќето други безбедносни решенија и може да работи паралелно со вашиот антивирусен софтвер. Нуди три целосно прилагодливи форми на скенирање и четири штитови против malware напади. Имено, се штити мрежата, податоците, покренувањето на системот и процесите. Можете лесно да активирате или оневозможите одреден компонента од овој дел.

Шестата верзија на Malware Fighter 6 Free има значително поголема датабаза од закани и може да неутрализира над два милиони закани од различна природа. Нуди и подобра заштита против ransomware напади, а и го штити вашиот прелистувач од експлоатации како копање криптовалути без ваше знаење.

Платежната верзија се испорачува и со bitdefender енџин за скенирање како и подетална заштита во реално време. Опцијата Safe Box, пак, ви дозволува да ги штитите вашите важни фајлови и фолдери од хакери. За цена од 20 долари годишно, добивате и заштита на вашиот master boot record.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии