Doom Zero е додаток кој ги проширува оригиналните игри со нови мисии

Како најнова игра од серијалот, Doom Eternal е апсолутно феноменална игра, но доколку сакате да се вратите на корените, тогаш вашиот пат мора да започне со Doom и Doom II. Првите игри од овој серијал се значително застарени, како во графиката, така и во гејмплеј механиките, но на сите заинтересирани пружаат интересен увид за почетоците на немиот протагонист.

Doom Zero е додаток до кој можете да пристапите директно од менито кое е во реиздадените Doom и Doom II. Овој додаток крие импресивен број од 32 нови левели кои се пополнети со нови демони, босови, музика и многу повеќе! Bethesda тврди дека предизвиците ќе ги замислат и најголемите ветерани.

Doom Zero е чедо на девелоперот Кристофер Голден. Крис има вложено цели две години во проектот. Го има исфрлено претходната година за старите верзии на игрите и во чест на 25 годишнината на Doom II, но сега додатокот се појавува за верзиите кои се за конзоли, мобилни направи, како и PC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии