Доналд Трамп поради национална безбедност го блокирал купувањето на Qualcomm

Дејан Соколоски

во Вести

Националната безбедност на САД е причина поради која преседателот на САД  ја блокира понудата на Broadcom за купување на Qualcomm. Г. Трамп со претседателски декрет ја стопира продажбата.

„Постојат докази кои ме наведоа да верувам дека Broadcom Limited, д.о.о.  под законот на Сингапур, заедно со партнерите, подружниците и филијалите, вклучувајќи ги и вклучувајќи ја Broadcom Corporation, корпорација во Калифорнија и Broadcom Cayman , Кајмански Острови и нивните партнери, преку вршење на контрола на корпорацијата Qualcomm Incorporated од Делавер може да преземе дејствија со кои ќе ја загрои националната безбедност на САД“.

Со ова на двете компании им е наредено веднаш да престанат со зделката. Дополнително, со ова се забранува поставување на кандидати на Broadcom во бордот на Qualcomm.

Секако Broadcom не е задоволен со одлуката. Се чини дека покрај грижата за безбедноста, постои и загриженост за тоа што потенцијалната зделка би можела да направи со вработените во Qualcomm. Конечно, тука е и загриженоста дека Кина има премногу лесен пристап до технологијата во САД, и ова најверојатно е главна причина за загриженост кај г. Трамп.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии