Доналд Трамп е вистинска мотивација за креаторите на содржина

Image Courtesy of DonaldJTrump.com

Претседателската кампања во САД и дебатите се главна вест во светските медиуми. Сепак се чини дека Доналд Трамп е вистинска мотивација за: развивачите на софтвер; креаторите на видео игри; дизајнерите и куп други креативни професии.

Нова алатка за донации Troll Trump им овозможува на сите кои не го сакаат Доналд Трамп или можеби ја сакаат Хилари Клинтон да донираат секој пат кога г. Трамп ќе каже некоја глупост. Алатката е фокусирана на Twitter, а е креирана и поддржана и од кампањата на г-ѓа Клинтон. Со оглед на тоа дека г. Трумп е активен на Twitter, а често кажува глупости во серија твитови, корисниците можат да постават максимални средства кои ќе ги донираат во еден ден. Од штабот на г-ѓа Клинтон објавија дека во просек алатката им носи 1.100 долари дневно.

troll-trump

Image: Troll Trump

Troll Trump  можеби е последна алатка мотивирана од г. Трамп и неговата кампања, но секако не е единствената. Креаторите на супер популарната ига со карти „Cards against humanity“ креираа проширување на играта кое се однесува на г. Трумп.

cah-trump

Image: Cards Against Humanity

Mr. President! е инди видеоигра презентирана овој месец. Играчот е во улога на Дик „Рок-хард“ Џонсон, телохранител кој треба да го спаси г.Роналд Рамп. Играта има над 50 нивоа и дополнителни повеќе предизвици, но сепак главна цел е да го спасувате Роналд Рамп додека ги држи своите говори. Дел од средствата кои ќе ги заработи играта ќе бидат донирани во добротворни цели.

„Либералните медиуми ги наместија изборите и ја уништија неговата беспрекорна лична слика. Сега сакаат да го убијат.“

Tiny Hand е фонт кој е базиран на лудиот ракопис на Доналд Трумп. Станува збор за фонт со кој беше прикажано писмо кое саркастично беше претставено како белешки на г.Трамп од втората претседателска дебата. Текстот го сподели BuzzFeed; беше позабавен од фонтот и може да го прочитате подолу.

thrump-buzz

2 коментари на “Доналд Трамп е вистинска мотивација за креаторите на содржина

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии