Доналд Трамп е новиот претседател на САД, Силициумската Долина не е оптимист

Доналд Трамп е новиот претседател на САД. Последните гласови кои му беа потребни и кои го заокружија „чудото“ потребно за неговата победа дојдоа од Пенсилванија.

image-1398

Очекувано Силициумската Долина и Калифорнија гласаа и ја поддржаа Демократската партија. Најголем број од инвеститорите се незадоволни од победата на г. Трамп, а своето незадоволство го „истурија“ на Twitter. Прв започна Сем Алтман од акцелераторот Y Combinator.

Ко-основачот на акцелераторот, Пол Граам набрзо се приклучи.

Со свое видување излегоа и Денис Кроули од FourSquare, Шервин Пишевар ко-основач на Sherpa Capital и Hyperlоop One.

Најдалеку и можеби претерано отиде основачот на Zynga, кој запраша: Дали вака се чувствувале луѓето кога дознаа дека Хитлер доаѓа на власт.

Можеби сепак најинтересната вест е дека во тек на соопштувањето на резултатите, најверојатно поради преголем интерес падна веб-страницата за имиграција во Канада. Засега страницата сè уште е нестабилнa. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии