Domino’s ќе доставува пици со автономните возила на Ford

Автономни возила на Ford во иднина би можеле да доставуваат пици до врата. Компанијaта објави партнерство со ланецот на пицерии Domino’s со кој ќе работи на технологијата.

Возилата кои ќе ја прават доставата се автономните Ford Fusion и засега на овој начин пица можат да порачаат единствено купувачите од Ан Арбор, Мичиген, јави Next Web. Купувачите од реонот кои своите пици ќе ги добијат со автономна испорака ќе бидат одбрани по случаен избор.

Купувачот ќе мора да излезе и да ја преземе пицата од возилото.

„Зошто сме заинтересирани за транспортот и на луѓе и на производи? Ова е едноставен избор ако погледнете како се менува односот на луѓето, пред се во градовите. Почнуваат да делат возила наместо да купуваат, купуваат и нарачуваат онлајн што придонесува за раст на испораките“, вели Шариф Маракби од Одделот на Форд за автономни возила.

Во првиот период тестовите започнуваат со следење на навиките на корисниците. Какви ќе бидат интеракциите со возилото, дали ќе излезат на улицата? Дали ќе може самите да „погодат“ на која страна е јадењето. Овие, но и многу други прашања ќе мора да добијат одговор пред доставата да стане достапна насекаде.

Превозот со автономни возила можеби е пологичен од изборот на дронови за достава. Дроновите можеби се побрзи, но имаат ограничен радиус на достава. Секако, комбинација на дрон кој ќе полетува од автономно возило, додека автомобилот е на пат за друга испорака може да е најдоброто решение.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии