Domino’s ја направи првата достава на пица со дрон

Компанијата за достава Flirtey и пицеријата Domino’s ја доставија првата пица со дрон. Првата пица е доставена во Нов Зеланд и е дел од тестовите на двете компании.

Засега оваа можност е достапна само за дел од корисниците. Сепак компаниите наскоро сакаат да ја направат услугата пошироко достапна. Освен дронот компаниите креираа и специјална кутија за овие тестови кои ќе овозможат доставата да биде независна од временските услови.

„Сѐ поблиску и поблиску сме до достава со дрон за сите. Спроведувањето на овие тестови во урбани центри ќе биде клучен дел од доставата на пица, за повеќе корисници да можат да ја добијат најсвежата, најтоплата пица која можеме да ја понудиме.“, вели Дон Меј од Domino’s Pizza.

Желбата на Domino’s е да го намали времето потребно за испорака на 10 минути. Сепак законите кои регулираат летање на дронови, како и целата регулатива можат да бидат проблем. Како и дали воопшто испораката со дронови ќе стигне до Македонија ќе мора да почекаме и да видиме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии