Domejn.ot.mk – дознајте ги новите .мк домени

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Георги Станојевски, попознат како Глиша кај македонската интернет заедница, вчера објави нов независен веб сервис наречен Домејн.от кој автоматски ги прикажува сите ново регистрирани .мк домени и овозможува нивно следење преку RSS канали. Сервисот исто така овозможува преглед на новите .мк домени по денови, како и вкупниот број на регистрирани македонски домени досега.

Домејн.от, според она што го наведува авторот на својот блог каде што можат да се преземат и скриптите, е направен со користење на Python, BeautifulSoup и PyGoogleChart.

Интересно е да се спомене дека пред околу два месеци, Глиша исто така направи едно мало истражување за .мк домените користејќи ги јавно достапните податоци за регистрирани домени од сајтот на Македонската истражувачка мрежа (МАРнет).

{mosimage}

{mosimage}

Глиша е и создавач на македонската верзија на Digg, односно сервисот Кајмак.от кој е опишан како "интерактивен интернет сервис кој содржи врски до интересни сајтови." Сајтот функционира на тој начин што со кратка регистрација секој посетител може да постави статија, а останатите регистрирани корисници гласаат за нејзината популарност.

Предлог: добро би било кога во блиска иднина сервисот Домејн.от би го виделе имплементиран во новиот сајт на МАРнет кој ќе овозможува регистрација преку интернет и онлајн менаџирање на вашите .мк домени… зар не!? :-)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии