Долгоочекуваната Mafia III излегува на 7 октомври

Image Courtesy of 2K Games

За време на PAX West панелот, 2K Games ги објави плановите за сите додатоци за долго-очекуваната Mafia III, како и краток видео материјаl за дел од очекуваниот гејмплеј!

Mafia III излегува на 7 октомври, а додатоците кои ќе го прошират искуството по излегување на играта доаѓаат во две форми: платежни и бесплатни. Бесплатните додатоци, претпоставувате, се мали содржини како нова облека, оружја или проширени опции за уредување на возилото. Новите оружја се сервираат преку додатокот Judge, Jury, and Executioner pack, 30 дена по излегување на играта, а подоцна би можеле да се радувате и на проширен избор на тркала, персонализација на регистарски таблички и поголем спектар од бои за фарбање на автомобилите. Ваквиот додаток ќе се одликува и со засилувачи на автомобилските перформанси. Кога сме кај автомобилите, 2К ќе понуди и бесплатни трки за зголемување на вашиот финансиски прилив или за отклучување одредени опции за персонализација, како и уште неколку други изненадувања.

Во поглед на платежни проширувања, Mafia III ќе располага со три додатоци во приказната.

  • Faster, Baby! ќе го отвори автопатот за побрзи автомобили и драматични брканици во предградието на Њу Бордо, каде Линколн ќе ги здружи силите со поранешната љубов Рокси и ќе проба да стави крај на корумпиран шериф.
  • Sign of the Times ве става сред серија од убиства кои како да се производ на болни ритуали на култ. Ваша задача ќе биде да навлезете во мрачното срце на градот и да ставите крај на таквата свирепост.
  • Stones Unturned ќе раскажува приказна за заедничка соработка со CIA агент за да можете да се спротиставите на крвната одмазда која влече корени уште од војната во Виетнам.

Ваквите додатоци ќе бидат дел од сезонската влезница, која чини 30 долари, а покрај споменатите случувања во приказната, ќе имате на располагање и нови возила, оружја, облека и тематски трки.

Mafia III излегува за PlayStation 4, Xbox One, и PC,  а она што следи е дваесет минутниот гемплеј видео материјал кој беше прикажан на Е3 годинава!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии