Ако корисниците на Megaupload сакаат да си ги вратат податоците, тогаш ќе мора да платат

Американските федерални обвинители немаат ништо против корисниците на Megaupload да си ги преземат податоците што ги имаат поставено на својот Megaupload профил, но за тоа ќе мора да платат, пишува PCWorld. Тоа беше нивното изјаснување на судењето во петок за затварање на Megaupload, еден од најголемите сајтови за споделување на фајлови.

Обвинителите одговараа на предлогот од Electronic Frontier Foundation кој беше доставен на крајот на март од страна на Кајл Гудвин, спортски новинар кој видео материјалите ги чуваше на својот Megaupload профил.

Законот во САД дозволува трети лица да поднесат барање за конфискување на имот. Но, Владата на САД тврди дека тие само направиле копија од дел од податоците на Megaupload и дека физичките сервери никогаш не биле запленети. Megaupload располага со 1.103 сервери на кои се чуваат околу 28 петабајти податоци и тие сѐ уште се кај Carpathia Hosting, велат од владата.

„Пристапот не е проблем, доколку тоа беше, г-динот Гудвин ќе можеше да ангажира судски експерт и да го добие тоа што вели дека е во негова сопственост и да плати надомест на Carpathia Hosting“, велат од владата во својот одговор. „Проблемот е во процесот на идентификација, копирањето и враќањето на неговите податоци и дека тоа ќе биде премногу скапо, а г-динот Гудвин сака владата, Megaupload или Carpathia да му ги покрие трошоците.“

Покрај тоа, владата напомени и дека доколку Megaupload или Carpathia нарушиле некое од правилата на користење, г. Гудвин ќе „може да ги тужи Megaupload или Carpathia за да му ги вратат податоците“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии