Дојче Телеком e највреден европски телекомуникациски бренд

Дојче Телеком ја одбрани позицијата – највреден телекомуникациски бренд во Европа.  Компанијата исто така е прогласена за втор највреден германски бренд во светот по Mercedes-Benz. По нив следуваат BMW и Volkswagen. Amazon е прогласен за највреден бренд на глобално ниво, а зад него се наоѓаат Apple и Google.

Според рангирањето на Brand Finance Global 500, Дојче Телеком достигна највисока вредност на брендот во својата историја, со 46,26 милијарди долари. Тоа е зголемување од 15,2% во споредба со претходната година. Од неговото повторно воведување во 2008 година, вредноста на брендот се зголемила за 420%.

Во Македонија, брендот е присутен преку Македонски Телеком, што е дел од Дојче Телеком Групацијата од 2001 година.

Информации за Brand Finance Global 500 на следниот линк, а извештајот може да го преземете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии