Додека Firefox 4 се симнува, Chrome 11 влезе во бета со API да му зборувате на PC-то

Логото на Chrome сега е сменето, но тоа не е интересниот дел. Chrome 11 бета има поддршка за API за говор преку HTML5. Ова значи дека ќе може да му зборувате на вашиот компјутер и тој да ве разбере, пример, нешто слично како што е на Android телефоните со Google Translate. Внесување на говорот може да го пробате тука, доколку имате Chrome 11.

Google во 11-ката додаде и GPU-забрзување за 3D CSS, што значи, ќе можат да се креираат 3Д ефекти на сајт користејќи CSS.

Google е познат по објавување верзија по верзија на Chrome за кратко време, од 9 до 10-ката му требаа само месец дена. И тоа, заедно со подобрувањата, ги прави конкурентите да изгледаат застарено. Земете в обзир и дека Chrome е само две години стар прелистувач кој, за тоа кратко време, успеа ширум светот и конкретно во Македонија да му се приближи на Firefox.

3 коментари на “Додека Firefox 4 се симнува, Chrome 11 влезе во бета со API да му зборувате на PC-то

  1. Маркетиншки трик на Гугл, за да се фатите на јадица вие, новинарите :)
    Инаку, има уште многу до вистинско препознавање на глас, a la Star Trek: "Computer, one hot tea, Earl Grey".
    Ова сега е детска работа …

  2. Како и да е,фајрфокс ми ги отвара страните многу поубаво од Гугл Хром,не е нешто посебно побрз Гугл Хром.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии