Додаток за телефон чини само 8,5 долари, но може да дијагностицира ХИВ и сифилис

Брзината со која паметните телефони земенуваат лабораториска опрема која вообичаено се наоѓа во болниците е изненадувачка. Откако пред околу две години дознавме дека има iPhone додаток кој заменува микроскоп за откривање на цревни паразити, сега дознаваме дека еден додаток, наречен Dongle, е доволен вашиот паметен телефон или iPod да дијагностицира присуство на ХИВ вирус или сифилис.

Станува збор за преносен додаток за паметен телефон кој самиот не е премногу поголем од паметен телефон, а со негово додавање се овозможува процесорот во паметниот телефон да користи за анализа на крвта и детекција на ХИВ и сифилис вирус за помалку од 15 минути. Ова ја прави комбинацијата на додатокот одлична за користење во предели кои се далеку од болница и можеби лекарот доаѓа премногу ретко во нив. Додатокот чини само 8,50 долари, а резултатите се достапни за 15 минути. Дури 97 отсто од тестираните изјавија дека ќе го препорачаат додатокот на своите пријатели. За воља на вистината ХИВ-тестот во болница и покрај тоа што трае 2,5-часа сепак е без можност за грешка, но во најголем дел од државите во Африка каде оваа болест е можеби и најраспространета, достапноста до болниците е проблем.

До сега додатокот е тестиран на 96 пациенти во Кигали, Руанда, пишува Science Translational Medicine. Се што е потребно за користење на уредот е еден микролитар крив кој се раствара и се поставува во додатокот. За да биде поштедлив од додатокот е извадено буквално се што може да се извади, па наместото на моторот кој креира вакум има рачна пумпа. Тимот успеа да изврши дури 41 тест пред полнење на телефонот. Во тестовите за ХИВ вирусот уредот ги дијагностицираше сите ХИВ-позитивни, и 87 отсто од ХИВ негативните, а имаше и 12 погрешно позитивни резултати. За сифилис тестот едниот е со точност од 100 отсто, другиот со 92 отсто при дијагностицирање на луѓето со различни антитела.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии