Додајте музика во своите Facebook-видеа со Sound Collection

Најголемата друштвена мрежа Facebook, со своите корисници сподели голема листа на музика која може да ја користат во своите видеа. Музиката на Sound Collection е достапна бесплатно, а потегот не е нов и досега го искористиле куп сервиси како YouTube или Twitch.

На корисниците ова ќе им овозможи да користат музика во своите видеа без да нарушуваат авторски права. Авторските права на споделената музика се во сопственост на Facebook. Ова значи дека со оваа музика нема да има опасност од пријави за прекршени авторски права. Музиката може да се користи како на Facebook, така и на Instagram.

Музиката која е објавена сега, може да биде почеток, а во иднина би можеле да бидат додавани и други песни, јави TechCrunch. Facebook  е во преговори со музички издавачи од 2015 година, но досега не успеа да пронајде издавач кој би бил партнер.

Зголемување на популарноста на 360-видеата

Најголемата друштвена мрежа работи и на зголемување на популарноста на 360 видеата. Издадена е нова страница специјално посветена на овие корисници. На Facebook 360 објавени се низа алатки кои им се на располагање на овие корисници. Има нови алатки кои овозможуваат додавање на текст и графика во 360-видеа. Дополнително, има и алатки кои овозможуваат дополнителна контрола врз содржината.

Една од новите услуги кои најверојатно најмногу ќе влијае на бројот на нови 360 видеа, е можноста за позајмување на камери. Креаторите на содржина ќе можат да позајмат камера од Facebook, а за возврат ќе мора да споделат барем дел од содржината назад.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии