Додадени првите членови во Хала на славните луѓе на Интернетот

Винт Церф, Тим Бернерс-Ли, Митчел Бејкер, Линус Торвалд, Фил Зимерман и Бревстер Кал се меѓу првите членови од 33-те генијалци кои се ставени во Хала на славните луѓе на Интернетот.

Церемонијата, спонзорирана од Интернет друштвото, се одржа во Женева, и ќе претставува годишен настан каде ќе се слават индивидуалциите кои одиграа значителна улога во раното креирање и развој на интернетот, и тие кои креираа значителни технолошки, комерцијални и практични решенија со кои се разви Вебот.

„Сите ние добиваме од нивните неверојатни придонеси кон глобалниот Интернет, правејќи го еден од најголемите катализатори на економскиот и општествениот развој на сите времиња.“, вели претседателот на Интернет друштвото, Лин Ст. Армор.

Сите додадени членови и нивните достигнувања ќе може да ги погледнете на официјалниот сајт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии