Покрај порталот сменет е и дизајнот на форумот. По барање на членовите го направивме потемен, но тоа што е поважно за форумот е што ќе започнеме да истакнуваме актуелни теми од форумот на почетната страна  бидејќи веруваме дека членовите на IT.com.mk се важни активисти во оваа македонска дигитална револуција.

Сигурно приметивте дека сега почесто се појавува малото роботче (дизајн на Столе Китановиќ a.k.a Dynamic) кое сега за сега нема име. Роботчето стана важен дел од промовирање на IT.com.mk брендот и заедницата така да планираме да направиме нешто корисно со него. Но прво мора да му дадеме име!

Но… како и порталот и форумот се уште не се комплетно завршени и ќе бидат досредувани со тек на времето. Сигурно и вам како и нас ќе ни треба време да се прилагодиме на новиот дизајн, но се надеваме дека ќе функционира како што вие и ние сакаме.

Упаство за користење на новиот дизајн

Сајтот е со едноставен дизајн. Главната и најактуелната содржина се наоѓа на почетната страна , додека за постарата можете да скролате надолу или да пребарувате по категории.

Тоа што е ново е што ги истакнавме кратките вести. @IT_info е профил на Twitter каде се објавуават кратки флеш вести или разновидни информации, линкови, настани, ре-твитови, совети… Сега сите тие информации се истакнати на порталот со цел вие, читателите, да добиете поголема прегледност за случувањата во ИТ светот.

Втора новина е што сега имаме „слични написи“ опција. Оваа опција се наоѓа најдолу на секој текст и ви овозможува да разгледувате и читате содржина од ваш интерес. Моментално, поради несредените тагови со старата содржина можно е да се појавуваат неповрзани текстови, но со тек на време ова само од себе ќе се среди.

Го сменивме и системот за коментирање. Сега ги користиме „IntenseDebate“ системот за коментирање кој овозможува да се логирате со вашиот Facebook или Twitte профил, а можете и да споделите и видео. Секако доколку сакате можете да коментирате и анонимно. Исто така, најновите коментари оставени на разните теми можете да ги најдете на десната страна од сајтот.

Ви се допаѓа? Коментарите подолу се за пофалби само. :) J/K секое мислење е ценето.

32 коментари на “Добродојдовте на новиот IT.com.mk

  1. Одличен дизајн. Далеку подобар од стариот. Јас пред некое време преминав од Joomla на WordPress и се е попрегледно и многу функционално. Честитки за новиот IT!

  2. Имам проблем,ја сменив е-маил адресата и сега не ми стига да лупам верификација и кога сум најавен неможам да читам постови ниту да пишувам(ми пишува приватно)
    средете ве молам..!!
    поздрав

    1. За коментирање на сајт или за форум? Ако е за форум контактирај некој модератор или администратор.

  3. Не е убав новиов IT.com.mk, сериозно, не ви требаше промена, но океј, важно е да биде поактивен и да има повеќе информации и вести. Само напред ИТ!

  4. све ок…посредени содржини, убаво користење на градиенти, повлечи и сподели е супер новина…све на све…се гледа подобрување.
    Мене искрено овој IntenseDebate ми е пренатрупан, наједноставните со име, мејл и порака коментари ми се по user friendly. Исто Arial Narrow за наслови ми е понеугоден за читање, али ок тоа е све до различен вкус. Исто кога ќе поминеш врз насловот селектира до крај, а не до крајот на самиот текст. Со среќа и се надевам дека во иднина дизајнот ќе оди само на подобро :)

  5. Морам да бидам искрен и да кажам дека новиот it.com.mk ми личи на едно големо промашување. Очекував нешто сосема различно од ова што го гледам. Колку галама се крена, за ова? Fail.

  6. Конечно се појавивте :-)
    Браво честитки од моја страна добро изгледа се останува да се адаптирам на боите малку :-) и да видите што е со брзината нешто бавно ми го отвара.

    Поздрав и голем успех ви посакувам

  7. Ај и официјална честитка и од мене… и некои коментар, да не останам покусо :)

    1. Браво за напорот да се преведе Intense Debate, со нетрпени го чекам тој момент :)
    2. Браво за WP, ама тоа не беше неочекувано :) нели :)
    3. Внимавајте на должината на насловите и висината на сликите во Featured делот. Непотребно се прават скалични.
    4. Размислете за уоптребата на сликите во текстотивте под нив, некако се преголеми а најчесто не носат важна информација.

    Со среќа….. ви посакувам повеќе приход, импресии и коментари.

  8. Одлична промена, доста квалитетно спакувано и можам да ви честитам…
    Единствено да додадам како предлог е RSS да се стави на FeedBurner, но тоа е само мој предлог, вака како што е супер изгледа :)

  9. Честито на новиот сајт од и добредојдовте назад :)

    Неколку препораки по мое лично мислење:

    – Барем кај мене, не знам за кај другите, текстот на статиите/постовите е многу мал и треба дополнителен замор на очите за да можам да прочитам (а големината на текстот во коментарите на пример, е во ред)

    – Некако многу простор имате оставено од страните и со истото тоа сајтот некако помалку ми делува како IT портал туку повеќе како на блог, а sidebar-от дополнително ја смалува површината која што добива најмногу внимание – самата статија :) Исто, во минатиот дизајн немавте воопшто празен простор по страните, па можеби дизајнерска одлука е ова – не знам :)

    – Имате некои фолдери кај што CHMOD не ви е подесен добро па може да се погледне листингот на директоријата

    Тоа е се, се надевам ќе ги примите од срце овие препораки и без „љутиш“ затоа што само сакав да помогнам :)

  10. Тоа точките во претходниот пост се уствари < li > ама ова ги препозна како валидни тагови и ги претвори во булети :)

  11. 1. Стварно ме разочара моментот што ви требаше толку време.
    2. WordPress > Joomla, браво за промената.
    3. Совет: Линковите во главното мени (<a> таговите) се пониски од

  12. таговите во кои се наоѓаат. Кога кликам во најниската четвртина на главното мени, практично кликам само на
  13. елементот но не и на <a> елементот и не се случува ништо. Fix.
    4. Ај честито нов дизајн. Подобар е од стариот.
  14. Одлично. Може уште малце досредување во коментирањето… не ги дава одма IntenseDebate, туку прво обичните полиња за коментирања па тек после ги става овие (може да средите во кодот)… друго топ!

  15. Па добар е не е лош.. али има малку доработување у Css-от и малку допреведуање, иначе овака е баш фин. И ако може форумот побрзо!

  16. Супер дизајн само неколку забелешки – најдобронамерни.

    1.Коментарите на македонски да се преведат (ја на сите вебсајтови шо ги имав вакви детали многу внимавав :D)

    2.Апдејт на Веб Медиа Пакет-от каде би имало забуни…

    3.Коментарите од најнов до најстар = не обратно.

    Инаку браво,никогаш не сум пробал од WordPress да направам вакво чудо.Најс :)

    1. "Коментарите од најнов до најстар = не обратно. "

      E ako ima debata nekoj ke treba da se vraca nazad za da cita od kade pocnalo? Baska sto ako nekoj saka da komentira "FIRST!" :P

      1. Dobro ama treba da skrolam za najnoviot komentar. Ne za dzabe ste stavile sort comments , ama ne vi raboti sort-ot ko so treba :P

  17. Многу не функционален дизајн, се отепав од скролање. Инаку од уметничка страна е ок страната не е нападна и е привлечна за око.

    1. Нормално си се отепал од скролање кога сакаш се да прочиташ во неколку часа. Мој совет посетувај it.com.mk почесто! :)

  18. Едно што не ми се допаѓа-пишавте дека ќе се вратите за два-три дена, а се вративте За МНОГУ повеќе. Незнам зошто, дали не знаат да испланираат време, ама сите Македонски портали прават така, ќе пишат дека ќе се вратат за еден ден (а на тоа вшусност се додаваат 7 дена)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии