Добри вести за macOS девелоперите, Visual Studio пристигна

Microsoft под Сатја Надела е потполно различна компанија. Софтверот кој порано беше достапен единствено под Windows, сега пристига на сите платформи, Android, iOS, а сега и развојната околина Visual Studio е достапна за Mac.

Излегувањето на Visual Studio за Mac не е изненадување. Платформата беше најавена со интеграцијата на Xamarin. Ова на девелоперите кои работат на уредите на Apple, ќе им овозможи да развиваат софтвер како за Windows така и за Mac. Дополнително, со софтверот ќе може да се развиваат и Android, iOS, tvOS, watchOS, веб и облак-апликации.

„Среќни сме што може да објавиме дека излегува Visual Studio 2017 за Mac. Visual Studio за Mac е нов член на Visual Studio фамилијата, им овозможува на девелоперите на macOS да развиваат апликации за телефон, веб, облак со Xamarin и .Net Core, но и развивање на видео игри со Unity.“

Софтверот е бесплатно достапен за сите корисници на Mac, и може да го преземат од visualstudio.com.

1 коментар на “Добри вести за macOS девелоперите, Visual Studio пристигна

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии