Добри вести за љубителите на електрониката, се враќа Емитер

За љубителите на електрониката и технологија во Македонија денес имаме добра вест. По подолго време се враќа месечникот за електроника, Емитер. Овој пат наместо печатено, ќе излегува дигитално издание, а најавена е и е-продавница.

„За жал, неповолните услови си останаа до денес, но се засили ентузијазмот на редакцијата за рестартирање на списанието со осовременување на концептот со кој полесно ќе допреме до вас, применувајќи ги новите технологии од сферата на маркетингот и медиумите.“, вели г. Слободан Таневски од Емитер, говорејќи за тоа зошто воопшто згасна списанието.

Емитер беше од ретките, ако не и единствениот месечник кој пишуваше за електроника и хардвер. За жал весникот пред околу 18 месеци престана да се печати. Главната причина се неповолните услови за издавање на било каков печатен медиум.  Условите се и полоши за весници кои се фокусирани на овие теми (коментар од редакцијата: yep, IT.mk се придружува кон честитките и праќа јавен апел до компаниите и маркетинг агенциите малку да прочитаат на тема бенефит на сегментирана публика и општо квантитет vs. квалитет :D).

За среќа од Емитер не се откажаа, па на задоволство на читателите повторно се враќаат.

Овој пат ентузијастите ќе можат да купат електронски плочки од е-продавницата, а ова е добра вест за секој ентузијаст. Добра вест за оние кои пропуштиле некој број, е дека може да се купат и дигитални изданија на постарите весници.

Со среќа и многу успеси Емитер! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии