WhatsApp конечно ќе додаде видео повик

Еден од наjпопуларните сервиси за разговор, WhatsApp, наскоро ќе додаде видео разговор. Функцијата сè уште е во бета фаза, но наскоро би можела да се најде и на активната верзија, вели Android Authority.

Викендот дел од корисниците забележаа промени во копчето за аудио повик, по неговото притискање можеа да одберат помеѓу видео и аудио повици. Дел од корисниците тврдат дека успеале и да воспостават видео повик, но нема никаков доказ за ова. Првите вести за видео разговори на WhatsApp се појавија пред половина година, кога се појави screenshot од видео-разговор на iOS апликацијата.

Според она што се гледа на споделените слики е дека во иднина во копчето за разговор ќе бидат интегрирани и видео и аудио разговорите. Засега нема официјална најава за достапноста на видео разговорите, но најверојатно постепено ќе започнат да се додаваат корисници.

whatsapp-video-calls

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии