Добри вести Batman! Samsung го пронајде твојот телефон

Понекогаш е навистина тешко да се сфати што мисли Samsung. Јужнокорејскиот гигант верува дека вистинските фанбојс ќе купат навистина сѐ, дури и нов S7 Edge инспириран од Batman. „Партнерството со Warner Bros. Interactive Entertainment и можноста да издадеме специјално издание за Galaxy S7 за фановите на Injustice: Gods Among Us е навистина возбудливо. Samsung отсекогаш сакал да им овозможи надобро гејминг искуство на своите корисници, а ова партнерство само ја потврдува нашата посветеност кон корисниците“, вели Јангхи Ли од Samsung.

За волја на вистината станува збор за Galaxy Edge кој одлично изгледа, но оваа верзија е „збогатена“ со супер грда заштитна маска. Injustice едицијата доаѓа и со Samsung VR и со специјално изработен метален украс во форма на знакот на Batman. Телефонот ќе биде достапен од јуни во: Кина, Сингапур, Јужна Кореја, Јужна Америка и Русија, подоцна ќе се „придружат“ и други пазари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии