Добредојдовте во вашиот паметен дом: Како Nest го револуционира Интернетот на нештата

Во не така далечна иднина, следните десетина години, сите апарати кои ги посетуваме ќе бидат меѓусебно поврзани. Станува збор за релативно новиот тренд на паметни уреди поврзани на интернет, означени со термин „Интернет на нештата“, кои постојано и навремено ги известуваат корисниците за сите промени. Без сомневање Nest се едни од иноваторите во ова поле кои се најподготвени за промената. Компанијата има неколку уреди кои вообичаено и не ги забележуваме, но нивната функција во домот е исклучително важна, oд противпожарниот аларм до термостатот кој сега се попаметни и поврзани.

Противпожарниот аларм на Nest е уред кој може да биде неподносливо здодевен, но и да го спаси вашиот дом. Како и останатите паметни уреди алармот комуницира со паметниот телефон на корисникот. Сензорите во уредот предупредуваат доколку во воздухот се појави чад или зголемено присуство на јаглерод моноксид. Паметниот аларм пред да се огласи дава кусо предупредување, што му помага на корисникот да го запре алармот уште пред да се огласи доколку станува збор на пример за чад кој излегува при готвење. Доколку се појави пожар ви го кажува точното место на опасноста, на пример „Чад во дневната соба“. Се разбира известувањата истовремено пристигаат и на вашиот паметен телефон или таблет компјутер, па ќе може да ве извести за опасност каде и да сте.

Термостатот на Nest ги помни навиките на корисниците, па постојано предвидува кога е потребно да се вклучи греењето, на пример кога стануваат или се враќаат дома. Но и да го изгасне греењето доколку нема никој дома. Интересно е што термостатот ги помни навиките на корисниците, па доколку неколку пати го наместите на одредена темература кога ќе се вратите дома, уредот ќе запомни и автоматски ќе се вклучува во време кога се враќате и на температура која сте ја одбрале. Покрај рачното одбирање дека излегувате термостатот има сензори па доколку не детектира движење подолг период автоматски ќе се исклучи. Апликацијата на телефонот овозможува да ја нагодите темературата без да се приближите до уредот, но и да го вклучите или исклучите додека не сте дома.

„Ако ја споредите еволуцијата на термостатот или противпожарниот аларм со телефонот или телевизорт, ќе видите огромна разлика. Телефонот на пример е целосно променет во огромен број случаи дури не го поседуваме телефонот од пред неколку години, телевизорите се променија сега имаме 4К. Ако овие апарати се променети, тогаш зошто останатите не го следат трендот. Nest работи на повторно креирање на овие продукти, создавајќи нови искуства кои не сме ги виделе претходно. Ова се продукто кои не се тривијални, лесни или наменети за за забава, ова се продукти кои регулаторите велат дека мора да ги поседувате, зошто тогаш неможе да добиеме продукти кои ги сакаме.“, изјави основачот на Nest, Тони Фадел на годинешниот LeWeb.

Модернизирањето на овие два уреди покажува како во иднина „интернет на нештата“ ќе ги поедноставни секојдневните обврски кои се репетитивни, а можат да се автоматизираат. Корисниците веќе ја прифаќаат промената бидејќи десетици илјади паметни противпожарни аларми се купени во првите две недели од нивното претставување. Иако уредите се продаваат единствено во САД, Канада и Велика Британија, Nest термостатот го има во 96 држави.

1 коментар на “Добредојдовте во вашиот паметен дом: Како Nest го револуционира Интернетот на нештата

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии