Добредојде Spotify, платформата сега официјално достапна во Македонија

Добри вести за сите љубители на музиката, еден од најпопуланите сервиси за стримање на музика, ако не и најпопуларниот, Spotify и официјално е достапен во Македонија.

Покрај Македонија Spotify ја крена „завесата“ за корисниците од 12 други држави. На листата се и Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Казакстан, Косово, Молдавија, Русија, Србија, Хрватска и Црна Гора. Официјално сервисот требаше да започне од 15 јули, но тоа го направија неколку часа порано.

„Денешното лансирање ја отвора вратата за речиси 250 милиони обожаватели од целиот свет да започнат со откривање на нова музика на Spotify, а за уметниците во регионот да стигнат до сè поповрзаната глобална публика на обожаватели“, вели Густав Гиленхамар, заменик директор на Spotify за пазар и раст на претлатници.

„Лансирањето на овие 13 пазари е важен дел од патот за Spotify, особено затоа што ги поздравуваме обожавателите и уметниците на растечките музички пазари како Русија, каде стримингот се шири брзо и каде гледаме значајна можност за Spotify“.

Spotify доаѓа со две верзија, бесплатна во која ќе треба да преслушате и реклами, и премиум верзија со претплата која за околу 5 евра ви овозможува да ги слушате омилената музика и подкасти без прекин.

Во Македонија се достапни неколку различни видови на претплата. Индивидуалниот чини 5 евра и овозможува слушање музика без реклами, можност за преземање песни и слушање офлајн, неограничен број на прерипувања и плејбек на барање.

„Premium Student“ е истата верзија со попуст за студенти и претплата која чини 2,5 евра, но потребно е корисникот да е студент на некој од универзитет (овој пакет не е достапен за сите пазари).

„Premium Duo“ e пакет за двајца корисници за 6,5 евра со редовно надополнување на плејлисти по музичките вкусови на двајцата корисници.

Конечно „Family“-пакетот овозможува најширока флексибилност за 8 евра овозможува пристап до 6 премиум пакети со редовно надополнување на листите за сите претплатници.

Со ова музиката на Spotify е достапна на 92 пазари. Компанијата креира и специјализирани листи за новите пазари, иако најголем дел од корисниците веројатно ќе сакаат самите да си направат плејлисти по избор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии