Добра вест, новиот Xbox ќе биде презентиран на E3

Project Scorpio, следната генерација на Xbox конзоли од Microsoft своето деби ќе го има на 11 јуни. Microsoft најави дека ќе ја презентира новата конзола на првиот ден на E3.

Според најавата Scorpio е 4К конзола, но за жал нема многу повеќе податоци од ова. Новата конзола Microsoft ја најави на E3 минатата година. Досега нема никаква презентација на конзолата, ниту видео, ниту најава за игрите кои ќе бидат достапни. Microsoft најави дека Project Scorpio ќе биде најмоќната конзола досега.

Sony со PlayStation4 Pro веќе има 4К конзола, а компанијата нема најава за следна генерација на конзоли. Sony од неодамна понуди и виртуелна реалност на конзолите, па изгледа нереално да очекуваме нова конзола и од оваа компанија. Секако секое пријатно изненадување е добредојдено.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии